Компани бесен: Правилото за пенал е жива глупост

Големо е разочарувањето во таборот на Баерн по синоќешната елиминација од ПСЖ во полуфиналето од Лигата на Шампионите, а едногласен е ставот дека главен виновник не е тренерот ниту фудбалерите, туку португалскиот судија Жоао Пињеиро.

Се појави објаснување дека контроверзниот пенал за очигледното играње со рака на Жоео Невеш правилно не е досуден, бидејќи правилата налагаат дека кога топката последен ја удира фудбалер од истиот тим, пенал се суди само доколку таа се движи во правецот на голот (а не во спротивен, како што беше случај синоќа). Објаснување што нема никаква логика ако го прашате тренерот на Баерн, Винсан Компани.

„Не можам да ги разберам правилата, едноставно нема никаква смисла. Против нас беше досуден пенал откако топката го удри Дејвис во тело, па во рака. Овојпат топката удира директно во раката, која е поставена високо и во неприродна позиција. Не е важно дали ја удрил него соиграч или не, дали се движи кон голот или не, тоа е чиста безмислица. Разбирам дека тоа се правилата, но делува како чиста глупост. Штета за нас“, изјави Компани.

Се вчитува...