Еден-два за Мекларен на спринтот во Мајами

Актуелниот светски шампион Ландо Норис стигна до победа на спринт трката која е дел од големата награда на Мајами.

Британецот на патеката кај „Хард рок“ стадионот славеше пред својот тимски колега, Австралиецот Оскар Пјастри. Подиумот го надополни возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Актуелниот лидер во сезоната Кими Антонели заврши на четвртото место, додека неговиот клупски колега Џорџ Расел го освои петото место. Во бодови влегоа уште и Ферстапен, Хамилтон и Гасли.

 

Се вчитува...