РК Вардар со „фан-зона“ и многу забава пред мечот со Монпелје во Лига Европа

Ракометниот клуб Вардар подготвува нов спектакл за своите навивачи во пресрет на реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа против француски Монпелје.

Позитивната енергија од претходните натпревари продолжува со фан-зона, која ќе биде централно место за загревање на атмосферата пред клучниот дуел. Од клубот ги повикуваат сите поддржувачи да пристигнат порано пред салата „Јане Сандански“. Фан-зоната официјално ќе биде отворена во 18.30 часот на платото пред главниот влез.

„Она што го почнавме со организирањето фан-зони ќе продолжи и во иднина. Целта е на навивачите да им понудиме место за забава и заедничко создавање атмосфера. Најважна е позитивната енергија што сакаме да ја создадеме пред салата, а потоа да ја пренесеме и внатре, на трибините и на теренот“, порачуваат од таборот на „црвено-црните“.

Се вчитува...