Серафимов и Левски Софија стигнаа до титулата во Бугарија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов испиша историја со Левски Софија, освојувајќи ја шампионската титула во Бугарија по минималната победа од 1-0 над ЦСКА 1948. Со овој триумф, „сините“ од Софија и математички го обезбедија трофејот на четири кола пред крајот на првенството.

Овој успех има огромно значење бидејќи Левски стави крај на неверојатната 14-годишна доминација на Лудогорец, носејќи го првиот шампионски пехар во своите витрини по пауза од цели 17 години. Веднаш по последниот свиреж, навивачите приредија спектакуларна атмосфера со факелијада, прославувајќи го долгоочекуваниот успех.

Официјалното крунисување и доделувањето на пехарот ќе се случи по натпреварот во следното коло, каде судбината сакаше Левски да се соочи токму со досегашниот шампион Лудогорец.

Се вчитува...