Кими Антонели до пол-позиција во Мајами

Неверојатниот Кими Антонели стигна до нова пол-позиција сезонава во Формула 1 шампионатот, откако вечерва беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Мајами.

Возачот на Мерцедес до пол-позицијата стигна пред возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Од вториот стартен ред ќе стартува Шарл Леклер со неговото Ферари, а друштво ќе му прави актуелниот шампион Ландо Норис во Мекларен.

Во топ 10 се најдоа уште и: Расел, Хамилтон, Пјастри, Колапинто, Хаџар и Гасли.

Се вчитува...