Нов успех на Тренчовски во Словенија: Со Радомље го победи Марибор

Македонскиот тренер Југослав Тренчовски, продолжува да го води Радомље кон успешна сезона во Словенија. Неговиот тим денеска го совлада тимот на Марибор со 2-1.

Со тоа Радомље ја скрати можноста на Марибор да се најде на третата позиција на табелата, и да избори место во Лигата на Конференции идната сезона.

Во Словенија веќе одамна се знае дека Цеље е шампион, додека Домжале испадна, а најверојатно Приморје ќе игра во бараж.

Се вчитува...