Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, е победник на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1. После едномесечна пауза, возачите се вратија на патеките, а трката во Мајами беше неизвесна поради силната бура, и поместена за три часа порано.
Антонели со тоа ја оствари третата последователна победа во шампионатот, додека второто место го зазеде актуелниот шампион Ландо Норис од Мекларен.
Оскар Пјастри беше на третото место на подиумот, додека Џорџ Расел од Мерцедес ја мина патеката како четврти. Ферстапен од Ред Бул ја заврши трката на петтата позиција, а Леклер беше шести.
Хамилтон, Колапинто, Сајнц и Албон исто така освоија бодови.
Во генералниот пласман по четири тркачки викенди, Антонели води со 100 поени, Расел е втор со 80 поени, а Леклер е трет со 63 поени.
Ф1 шампионатот продолжува на 24 мај со ГН на Монтреал во Канада.
This battle to the finish line!! 😳
Russell and Verstappen JUST get past Leclerc at the flag 🏁#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/lNb0EQ9R2J
— Formula 1 (@F1) May 3, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
