Херера и Шишковски со Борац Бања Лука станаа шампиони на БиХ

Со победата над Сараево, екипата на Борац Бања Лука за која настапуваат македонските репрезентативци Себастијан Херера и Дамјан Шишковски, стана шампион на првенството во БиХ.

Така Борац се стекна со недостижна предност на првото место на табелата, и се закити со титулата првак, и идната сезона ќе игра во квалификациите во Лигата на шампионите.

Херера го одигра целиот меч, а на другата страна играше и Агон Елези. Дамјан Шишковски се најде на клупата на новиот првак, а Стефан Ристовски го немаше кај домашните во составот.

Се вчитува...