Охрид носи уште еден екс-играч на ПСЖ

Охрид веќе испиша историја со самиот пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп, но „сино-белите“ паралелно со подготовките за финалето со Татабања ги финишираат и преговорите за нови засилувања за наредната сезона.

Веќе се потпишани унгарскиот бомбардер Доминиик Мате (Елверум, поранешен играч на ПСЖ), голманот Дино Славиќ и средниот бек Мартин Карапалевски, а тренерот Ројевиќ обелодени дека е постигнат договор за ангажман на уште еден екс-ракометар на ПСЖ, крилото Адам Кеита.

„Можам да кажам дека ни доаѓа и левото крило Адам Кеита, поранешен играч на ПСЖ кој две сезони бранеше за АЕК. Ќе видиме за уште некое ново име во зависност од заминувањата. Јасухира? Ние би сакале да го задржиме, се виде колку е важен за нас против Целје. Сепак, Јасухира има договор во Кувајт со тимот на Бурган, тешко дека ќе успееме“, истакна Ројевиќ во интервјуто за „Моцарт Спорт“.

Се вчитува...