Желимир Обрадовиќ кажа што смета за колеџ кошарката и заминувањето на младите таленти во САД

Најодликуваниот европски тренер, Желимир Обрадовиќ, зборуваше за горчливиот проблем на европската кошарка, а тоа е заминувањето на голем број млади таленти на колеџ.

Белград ќе биде домаќин на симпозиумот, кој ќе се занимава со огромното заминување на млади играчи од Европа во САД, каде што можат да станат членови на американската НЦАА лига за сериозни пари.

„Симпозиумот е одлична идеја бидејќи многу луѓе ќе бидат вклучени во процесот на наоѓање најдобро можно решение за да се спречат играчите да одат на колеџ кошарка. Нека биде тоа првиот чекор кон конечното решение, а треба да се земат предвид и решенијата усвоени во светот на фудбалот. Треба да разговараме со тие луѓе и да видиме како го решиле тој проблем“, рече Обрадовиќ.

Српскиот тренер смета дека секој треба да направи сè што е во негова моќ за да го подобри имиџот, што би им помогнало на повеќе млади луѓе да останат во европската кошарка.

„Сите мора да направиме апсолутно се што е во наша моќ за да ја заштитиме европската кошарка. Особено инсистирам на инвестирање во млади тренери и стимулирање на луѓето кои работат со млади играчи. Второ, да се работи на правилник што би ги заштитил клубовите и асоцијациите во ситуации кога млад играч добива фантастична понуда. Практично е невозможно да се усогласат клубовите со такви понуди“, заврши Обрадовиќ. 

Се вчитува...