Новак Ѓоковиќ се појави на теренот во опрема и со рекет во рака по 53 дена, и веднаш го привлече вниманието на присутните.
Првиот тренинг на големиот шампион по неговото пристигнување во Рим на Централниот терен на комплексот Форо Италико, собра голем број љубители на тенисот.
Ѓоковиќ нема да биде на теренот кога станува збор за официјални натпревари, бидејќи е слободен во првото коло, а квалификациите за Мастерсот во Рим се уште се во тек, но тој почна на големо да ги полни трибините.
Кога ќе завршат квалификациите и првото коло, Новак ќе го дознае името на својот ривал на почетокот од турнирот, кој го има освоено шест пати и на кој е апсолутен рекордер.
The moment we’ve all been waiting for… @DjokerNole back on court 🔥 pic.twitter.com/unVJnzkUgI
— ATP Tour (@atptour) May 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
