Вдовицата на Коби Брајант, Венеса, се огласи по најновите шпекулации поврзани со нејзиниот приватен живот откако бројни таблоиди објавија дека таа е во врска со нов НБА кошаркар, и тоа Џејлен Браун.
Истите извори тврдеа дека Браун бил пријател и со Коби, се зближил со Венеса во годините по смртта на НБА-суперѕвездата, лани се пишуваше дека таа чека дете од Џејлен, за последните шпекулации да говорат за понуда за брак.
Венеса Брајант очигледно го загуби трпението, па се огласи преку своите профили на социјалните мрежи.
„Ќе може ли да се решите? Дали сум бремена по стоти пат или пак ќе се мажам???“, напиша Венеса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
