Патникот во Супер-лигата ќе биде решен со мајсторка откако кошаркарите на Бутел славеа на синоќешниот дуел со Струмица со резултат 85-77, израмнувајќи на 1-1 во финалната серија од прволигашката конкуренција.
Струмичани рутински го добија првиот меч на домашен терен, но Бутел покажа карактер, јасно ставајќи до знаење дека немаат намера да се откажат без борба. Дуелот беше максимално интересен и неизвесен, а „бутелци“ беа подобар ривал во последните минути, кога успеаја да се одлепат резултатски и да стигнат до посакуваната победа.
Киров беше прв стрелец со 22 поени, Мартиноски реализираше 19, а Јанески 11 поени за победничкиот тим, додека Јовановиќ со 19 и Александровски со 18 поени ги предводеа стрелците во таборот на струмичани.
Мајсторката која ќе го даде патникот во елитното друштво за следната сезона ќе се игра претстојниот викенд во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
