Младиот Хрват додека е жив ќе ги памети зборовите на Ѓоковиќ по големата победа: „Браво брате…“ (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ беше поразен на самиот старт на турнирот во Рим, и тоа од 20-годишниот Хрват Динмо Прижмиќ кој моментно се наоѓа на 79. место на АТП-листата.

Ѓоковиќ на овој турнир се врати на терените по незгодната повреда, и доживеа разочарување на стартот, првпат во историјата на своите настапи во Рим.

Третиот сет донесе драма, а на крајот победи Прижмиќ. За него, пак, ова беше најголемата победа во неговата кариера.

Она што никогаш нема да го заборави е сигурно доаѓањето до мрежата по натпреварот. Големиот Ноле го пречека таму со насмевка и подадена рака, и веднаш му кажа неколку зборови.

„Браво, брате“, беа првите зборови што ги изговори Ѓоковиќ, кои Призмиќ никогаш нема да ги заборави.

Се вчитува...