Спалети не е среќен: Исти грешки секој меч, а не можеме да смениме 18 фудбалери

Јувентус стигна до значајна победа на гостувањето против Лече на меч што го реши Душан Влаховиќ со погодок во 11. секунда, но Лучијано Спалети воопшто не беше задоволен од изданието на својот тим.

„Повторно гледав многу слична средба на бројни претходни од изминатиот период. Даваме гол рано, делуваме како да имаме целосна контрола, но не успеваме да го осигураме триумфот. Потоа како што минува времето стануваме се понервозни, па му дозволуваме на противникот да креира шанси… Не ми се допадна она што го видов, некои лекции мора да се научат, но ние не го правиме тоа“, вели Спалети.

Стратегот на „старата дама“ јасно стави до знаење дека не може да направи ремонт во играчкиот кадар каков што посакува, но фудбалерите затоа ќе мора да ги прифатат неговите тактички замисли.

„Па не може сега да смениме 18 фудбалери од вкупно 25, Јувентус е сериозен клуб, ова е проект што се гради и нема да има целосен ремонт. Она што мора да се случи е – оние играчи кои ќе останат, да прифатат дека мора да има максимално залагање 90 минути, максимална дисциплина за да не се доведеме како денеска, да се радуваме што голманот спаси две топки за ние да победиме“, порача шефот на стручниот штаб на Јуве.

Се вчитува...