Женскиот одбојкарски клуб Работнички, ја освои титулата во Првата лига на Македонија откако го победи Наковски Волеј во „мајсторката“, и така дојде до конечен триумф од 3-2 во серијата. Работнички триумфираше со убедливи 3-1 благодарение на пресвртот. Наковски Волеј поведе, но на крајот немаше сила да ја задржи предноста.
Наковски Волеј го доби првиот сет со 25-16, а потоа целосна доминација на Работнички, па вториот сет го доби со 25-20, потоа 27-25, и на крај 25-23, за нова победа.
Предводнички до титулата на Работнички беа извонредните Тамара Стојанова со 20 поени и Андротеа Милевска со 18 поени. Антонија Баталаковска мечот го заврши со 17 поени.
Во редовите на Наковски Волеј Ивана Милева постигна 16 поени, додека Сара Марковиќ и Љиља Ковачевиќ реализираа по 15 поени.
Одбојкарките на Работнички со тоа ја освоија својата 18-та титула, оставајќи го Наковски Волеј без шампионски трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
