АБА лигата донесе одлука: Од следната сезона зголемен бројот на клубови

Собранието на регионалната кошаркарска АБА лига го објави проширувањето на лигата и поделбата на профитот за сите клубови и додаде дека лигата, според претходната одлука, од сезоната 2025/26 ќе може да брои максимум 20 клуба.

Во овој контекст, Собранието усвои јасни упатства и одлуки во врска со доделувањето на „вајлд карти“ на клубови надвор од регионот, врз основа на кои преговорите ќе продолжат со сите заинтересирани страни, со цел да се создаде список на учесници за сезоната 2025/26.

„Врз основа на одличните деловни резултати, Собранието на АБА лигата донесе едногласна одлука остварената добивка подеднакво да се распредели на сите членови на друштвото. Оваа одлука дополнително ја потврдува позицијата на АБА лигата како уникатен спортски и деловен проект во регионот и пошироко“ – се вели во соопштението на официјалната веб-страница на лигата.

АБА лигата додаva дека „на крајот од сесијата беше усвоен нов систем на натпреварување за АБА Лига 2, кој ќе биде презентиран на јавноста во наредниот период“.

Како што е познато, претходно, Црвена звезда, Партизан, Цедевита Олимпија, Мега и ФМП гласаа за исклучување на Цибона и Морнар од лигата.

Се вчитува...