АБА лигата го суспендираше и Џон Браун

Кошаркарот на Црвена звезда, Џон Браун, доби суспензија од АБА лигата поради недолично однесување на натпреварот број три од полуфиналето против екипата на Будуќност.

Како што пишува на сајтот на АБА лигата, центарот на Црвена звезда ќе мора да пропушти еден натпревар и да плати казна од 3.000 евра.

„Поради непримерно обраќање до судијата Саша Пукл и непочитување на службеникот на натпреварот, дисциплинскиот судија на АБА лигата Хрвоје Видан донесе одлука да го казни кошаркарот на Црвена звезда Џон Браун“, стои во соопштението на АБА.

Оваа казна за Американецот стапува на сила од следната сезона, па Браун ќе го пропушти натпреварот од првото коло.

Браун е третиот кошаркар на Црвена звезда суспендиран од АБА лигата по Милош Теодосиќ и Никола Калиниќ.

Се вчитува...