АБА лигата со 20 екипи следната сезона: Се враќа Цибона, нов клуб Слован Братислава!

Регионалната лига денеска објави дека во сезоната 2026/27 во кошаркарската лига на АБА ќе учествуваат 20 клубови.

Членовите на Собранието на АБА лигата одлучија да ја вратат Цибона во регионалното натпреварување во новата сезона, додека Слован Братислава се приклучува за првпат.

„Сакаме да и честитаме на Цибона за враќањето во регионалното натпреварување и да му посакаме добредојде на Слован Братислава во АБА лигата“ – се вели во краткото соопштение на АБА лигата.

Во согласност со зголемувањето на бројот на екипи учеснички, системот на натпреварување за сезоната 2026/27 ќе биде подготвен и дефиниран што е можно поскоро, се додава во соопштението.

Сплит минатата сезона испадна од АБА-лигата, влезе Широки Брег, а останатите учесници во натпреварувањето се Партизан, Црвена звезда, Спартак Суботица, Мега, ФМП, Борац Чачак, Дубаи, Будуќност Подгорица, Клуж, Цедевита Олимпија, Босна, Илидар, Студенка и Игокеа.

Се вчитува...