Дисцплинската комисија при АБА-лигата жестоко го казни Милош Теодосиќ по исклучувањето искусниот плејмејкер на Црвена Звезда го имаше во финишот од мечот со Игокеа.
Ветеранот најпрвин протестираше бурно на една судиска одлука, а по исклучувањето отиде до свечената ложа и влезе во конфликт и со челниците на АБА-лигата, по што беше испратен во соблекувалната. Очекувано, „дисциплинците“ немаа милост за големиот ас, казнувајќи го со три меча неиграње и 10.000 евра.
Ова практично значи дека Теодосиќ сигурно ќе ја пропушти полуфиналната серија со Будуќност што ќе стартува на 26 мај и ќе се игра до две победи. Проблемите за тренерот Сферопулос се уште поголеми ако се знае дека и првиот плејмејкер Милер Мекинтајер е повреден, тој не играше на последниот дуел со Игокеа, а неизвесно е дали ќе може да помогне на премиерниот меч од серијата со Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА