Новиот претседавач на АБА лигата, Домагој Чавловиќ категорично најавува дека следната сезона нема да се толерираат немили случувања како оние од претходната во финалето меѓу Црвена Звезда и Будуќност.
Чавловиќ најавува дека во случај на инциденти, виновниците ги чекаат жестоки казни. Првиот човек на Цибона истакнува дека целта е ова регионално натпреварување да биде во фер и спортска атмосфера, а акцентот да биде ставен единствено на кошарката…
„Верувам дека регионалното натпреварување ќе биде уште подобро од претходно, што сигурно е цел на сите нас кои сме во него. Се уште не сме одлучиле кој ќе биде нов генерален менаџер, но и тоа ќе биде наскоро“ – вели Чавловиќ и дополнува:
„Жал ми е што целата претходна сезона мораше да се расипе со неколку натпревари кои не ја покажаа вистинската слика на АБА лигата. Целиот шампионат беше интересен, одличен, но со крајот не може да се гордееме. Такви работи во иднина повеќе не смее да се случуваат. Во спротивно, актерите во инцидентите ќе бидат жестоко казнувани. Правилата ќе бидат уште поригорозни, па дури ќе бидем,е и построги од правилата на Евролигата. Нема да дозволиме некој да ја руши АБА лигата. За такви нема да има место во ова натпреварување и веднаш ќе бидат исфрлани од лигата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА