АБА: Партизан во фото-финиш ја доби Цедевита

Партизан успеа да израмни во полуфиналната серија од АБА-лигата против Цедевита, победувајќи со 74-73. Во супер-драматична завршница, „црно-белите“ славеа со поените на Вил Хечер во последниот напад. Претходно, Боутрајт постигна тројка за Цедевита и го доведе хрватскиот тим во водство (72-73).

Партизан подобро го започна мечот и првата четвртина ја доби со 20-13. а на полувреме замина со пет поени предност (39-34). Кошаркарите на Џикиќ имаа предност се до финишот, кога Боутрајт израмни на 70-70. Се влезе во драматичен финиш, а Хечер излезе како победник во дуелот со Боутрајт, за израмнување во серијата на 1-1.

Хечер со 23 поени и Бирчевиќ со 18 поени и 11 скока го предводеа Партизан до триумф на овој меч.

Се вчитува...