Абдурахими промовиран во Партизан Тирана: Договор до јуни 2019 година!

Довчерашниот фудбалер на Шкендија, Бесарт Безарт Абдурахими и официјално денеска е промовиран во дресот на албанскиот прволигаш Партизан Тирана.

Абдурахими, како што објавивме и претходно, потпиша договор со албанскиот тим до јуни 2019 година, откако претходно ја раскина соработката со Шкендија.

„Среќен сум што сум дел од Партизан, клуб со долга традиција во Албанија. Подготвен сум да му помогнам на тимот да ги оствари своите амбиции сезонава” – изјави Абдурахими по промоцијата во својот нов клуб.

Повремениот македонски репрезентативец е трет фудбалер од Македонија кој во овој преоден рок потпишува за Партизан, откако претходно тимот од Тирана го засилија и Егзон Белица и Емран Рамадани од Ренова.

Се вчитува...