Абрахам испиша англиска историја во Калчо-лигата

Рома по пет натпревари без триумф конечно успеа да стигне до цел плен во Калчо-лигата, славејќи на гостувањето против Торино со убедливи 0-3, како добра најава за настапот во финалето од Лигата на Конференции на УЕФА против холандски Феенорд.

Во главна улога на вечерашниот меч беше Теми Абрахам, кој ги постигна првите два погодоци за „волчицата“, првиот на асистенција на Пелегрини, а вториот со умешно изведен пенал. Со овие погодоци Абрахам стигна до бројката од 17 гола во својата дебитантска сезона за Рома, со што поранешниот ас на Челси го урна и рекордот за најмногу постигнати голови од Англичанец во првата сезона во Калчо-лигата. Овој рекорд досега му припаѓаше на Гери Хиченс, кој постигна 16 гола за Интер во сезоната 1961/62, за по цели 60 години ова достигнување да биде урнато токму од Абрахам.

Конечните 0-3 во второто полувреме ги постави Лоренцо Пелегрини, за победнички крај на сезоната на тимот предводен од Жозе Мурињо.

Се вчитува...