Линда Носкова го освои Вимблдон!

Трофејот во женска конкуренција на Вимлбдон замина во рацете на Линда Носкова. Чешката тенисерка славеше над својата сонародничка Каролина Мухова со 2-1 во сетови во големото финале, и дојде до првата грен-слем титула во кариерата. И покрај тоа што Носкова ја имаше контролата и се чинеше дека лесно ќе дојде до победа уште во два сета, Мухова успеа да направи неверојатен пресврт во вториот сет, и да остане во мечот.

Носкова беше доминантна во првиот сет кој го доби со 6-2, додека Мухова беше многу нервозна, направи многу грешки и како резултат на тоа дојде и предноста.

Ништо не се смени ниту во вториот сет. Носкова дојде до 5-2, а Мухова сервираше за да се врати во мечот. Следуваше најдолгиот гем во мечот, по што Мухова успеа да намали на 5-3, додека Носкова пропушти три меч топки. Носкова и на свој сервис ја пропушти и четвртата меч топка со двојна сервис грешка, па возбудувањата продолжија со оглед дека Мухова стигна до брејк и до намалување на 5-4. Падот на играта во Носкова и моментот на Мухова, донесоа израмнување по вториот сет (7-5).

Во решавачкиот трет сет Носкова се врати психолошки. Успеа да дојде брзо до 0-3, потоа и до 1-4, 2-5, за да сервира и на крај со ас да го добие мечот и да го подигне трофејот.

Се вчитува...