Дебитантот во прволигашката конкуренција, тимот на Шкендија Арачиново во своите редови денеска промовираше пет нови играчи. Голем дел од нив со големо прволигашко искуство, се со цел екипата да дојде до опстанокот во прволигашката конкуренција.
Така Арачиновци ги промовираа за свои нови имиња Мартин Тодоров, Хадис Велии, Аритон Мехмеди, Есмин Личина и Сумер Хасан.
Претходно екипата се засили и со Миле Тодоров, Верли Фереира, Вилдан Керим, Андреј Аризанкоски, Марко Симоновски, Бесир Демири и Матеус Лемос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
