ПСЖ до заинтересираните екипи: Баркола чини 150 милиони евра

ПСЖ се подготвува за евентуално заминување  на Бредли Баркола. Претходно беше објавено дека парискиот клуб постигнал прелиминарен договор со Феран Торес. Според „Л’Екип“, потпишувањето на Шпанецот се чини дека е можно само ако Баркола биде продаден.

ПСЖ веќе неколку месеци е во преговори за продолжување на договорот со 23-годишникот, но тие разговори беа прекинати за време на Светското првенство. Тековниот договор на Баркола со клубот е до 2028 година, а неговите идни планови се уште се непознати.

Ливерпул, Баерн Минхен и Арсенал се заинтересирани за францускиот крилен играч. ПСЖ го проценува на 150 милиони евра. Минатата сезона, Баркола одигра 29 натпревари во Лига 1, постигнувајќи 11 гола и запишувајќи една асистенција.

Се вчитува...