Новиот менаџер на Фулам, Алваро Арбелоа, се стреми да го засили својот тим со доведување на некои поранешни играчи на Реал Мадрид. Офанзивниот играч од средниот ред Франко Мастантуоно, бекот Фран Гарсија и напаѓачот Гонзало Гарсија се на неговата листа на желби.
Мастантуоно е достапен на позајмица, иако најмалку 12 клуба низ Европа се наводно заинтересирани за неговиот потпис, додека Фран Гарсија би можел да биде на продажба откако Реал го потпиша левиот бек Марк Кукурела од Челзи. Се очекува Гонзало Гарсија да ги помине предсезоните со мадридскиот клуб, но би можел да стане достапен подоцна во преодниот рок, објави Би-Би-Си .
Сите тројца играчи имаат одличен однос со Арбелоа, кој потпиша тригодишен договор со лондонскиот клуб. Шпанецот го водеше Реал во последните 28 натпревари од сезоната 2025-26, кога завршија втори во Ла Лига и беа елиминирани во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен. Тој работеше како тренер на младинската екипа на клубот пред да ја преземе функцијата привремен менаџер во јануари по отказот на Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
