Паоло Малдини ќе работи во федерацијата на Италија

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини, во иднина ќе работи за домашната федерација.

Поранешниот дефанзивец на Милан и на репрезентацијата е назначен за технички директор на Федерацијата. Неговиот договор ќе биде на четири години. Поранешниот спортски директор на Милан, Леонардо е назначен за советник.

„Газета“ пишува дека двајцата ќе бидат задолжени да бараат нов селектор на италијанската репрезентација, која не успеа да се квалификува за Светското првенство, на која чека од 2014 година.

Се вчитува...