Абрамович го договорил Нејмар, но Конте не го сака во Челси?!

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, го договорил трансферот на Бразилецот Нејмар од Барселона за рекордна сума од 155, 5 милиони фунти за летниот преоден рок, но менаџерот на лондонскиот тим Антонио Конте го блокирал овој трансфер, сметајќи дека тој нема да може да се вклопи во неговиот стил на игра и толку многу пари за него не треба да се потрошат. Оваа сензационална вест ја носи италијанскиот весник „Тутоспорт“, кој истакнува дека Абрамович постигнал договор со Барселона за купување на Нејмар по завршувањето на сезоната.

Со ова Абрамович сакал да го изненади Конте, кој има понуда и од Интер, и да му доведе огромно засилување за настапот во Лигата на шампионите, како еден вид и награда за титулата што му се насмевнува на Челси. Но, изненадувачки, Конте му рекол на Абрамович дека Нејмар воопшто не му е потребен во тимот и подобро е тие пари да бидат потрошени на фудбалери кои ќе имаат многу поголемо влијание во играта на тимот за следната сезона.

Се вчитува...