Адам Ханга најдобар дефанзивец во Евролига

Крилото на Виторија Басконија, Адам Ханга, е избран за најдобар дефанзивен играч во Евролигата за оваа сезона. Унгарецот во текот на кариерата во Басконија се изгради како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, а тренерите на клубовите од првенството сезонава заслужено го  избраа за најдобар.

Басконија е меѓу тимовите кои најмногу постигнувале поени во оваа сезона, а сето тоа е позитивен исход на одличната поставеност и организираност во одбраната. На овој начин Басконија му овозможи на Ханга да ги покаже одбранбените способности, па така во лигата заврши како петти најдобар по бројот на украдени топки, со 1.3 украдени топки по натпревар. Во неговиот тим е лидер по бројот на блокови, а со 3.5  скокови во одбраната по натпревар е втор најдобар меѓу неговите соиграчи.

Ханга стана пвриот играч на Басконија, а воедно и првиот Унгарец кој ја добил оваа награда. Тој е седмиот кошаркар кој ја добива оваа награда и им се придружи на шесткратниот освојувач, Димитрис Дијамантидис, Стефан Ласме, Виктор Хријапа, Андреј Кириленко, Кајл Најнс и Брајант Данстон.

Се вчитува...