Адем: Драго ми е што мојот прв Куп трофеј го освоив со екипата која ми е во срце

Капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем кажа дека му е драго што неговиот прв Куп трофеј го освојува со тимот кој му е во срцето.

Адем додаде дека очекувал тежок натпревар и дека Силекс ќе сакал натпреварот да има пенали.

„Знавме дека и пред мечот дека ќе биде вака како што беше, дека Силекс ќе се брани, и дека ќе сакаат да играат пенали и преку контра напади да не загрозат. Низ целиот меч доминиравме, еднаш два пати ни се заканија, поседот го имавме, на крајот како и до сега на пенали ја решивме. Ова е за мене прв трофеј, и многу сум среќен, затоа што го освоивме мојата екипа од срце. Тука минав седум години, израснав како играч, и драго ми е што успеав. Немам зборови со кои можам да го опишам чувството.“, рече Адем.

Адем на прашање што е рецептот да се добиваат натпреварите на пенали, со оглед дека Македонија ЃП го доби четвртиот меч по изведувањето на ударите од 11 метри.

„Првото коло го поминавме со победа во регуларен дел, а потоа на пенали. Мислам дека сме добри пеналџии. Вежбаме пред секој ваков натпревар пенали“, изјави фудбалерот од средниот ред.

Фудбалерот исто така коментираше и за тренерот Бајрами.

„До вчера бевме заедно фудбалери, игравме заедно, а сега ми е тренер. Се дружиме и приватно, а чудно ми е сега треба да слушам“, во шега изјави Адем.

Се вчитува...