Aдем Љајиќ се враќа во Партизан?

Адем Љајиќ претходното лето ненадејно се врати во српскиот фудбал, и потпиша за Нови Пазар, a веќе оваа зима би можел да се врати во матичниот Партизан. Поранешниот српски репрезентативец одигра исклучителна полусезона во српската Суперлига и го привлече вниманието на есенскиот шампион.

Како што пренесува „Спортклуб“, големи се шансите Љајиќ да се врати во Хумска, но не е се така едноставно. Имено, за него се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија кои имаат далеку поголем буџет од тој на српскиот тим.

Генералниот директор на Партизан Милош Вазура неодамна најави ангажирање на две засилувања, а доколку се поклопат коцките едно од нив би можело да биде во името на Адем Љајиќ.

Се вчитува...