Адем Љајиќ конечно стави крај на осумгодишната авантура во Калчо-лигата и реши да се пресели во Турција, каде ќе го носи дресот на Бешикташ. Тој утрово пристигна во Истанбул, а по лекарските прегледи и официјално го стави својот потпис на договорот со поранешниот првак на Турција, кој сезонава ќе се натпреварува во групната фаза од Лигата на Европа.
Српскиот офанзивец доаѓа од редовите на Торино, од каде заминува на едногодишна позајмица, со тоа што Бешикташ има обврска на крајот од сезоната целосно да го откупи неговиот договор со италијанскиот клуб.
Пред Торино овој фудбалер настапуваше и за Фиорентина, Рома и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА