Адеми: Динамо беше со мене кога ми беше најтешко, ќе направам се за овој клуб…

Аријан Адеми уште еднаш ја потврди лојалноста кон Динамо Загреб, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да си замине од хрватскиот првак ниту во овој преоден рок. Македонскиот репрезентативец во последните години беше поврзуван со бројни трансфери, клубови ширум Европа нудеа милионски суми за да го доведат во своите редови, но Адеми секогаш ги одбиваше парите поради благодарноста што ја чувствува кон Динамо Загреб за поддршката што ја доби во периодот кога беше обвинет и неправедно суспендиран за земање на недозволени допинг-супстанци.

Истото е случај и летово, Динамо повторно доби неколку понуди за Адеми, но нашиот интернационалец воопшто не размислува за промена на клупските бои.

„Клубот застана зад мене кога ми беше најтешко. Што и да направам сега, премалку е за Динамо. Се додека сум овде, секогаш ќе давам се од себе, гледам само напред, сакам да направам што повеќе успеси носејќи го дресот на Динамо Загреб. Без разлика колку рекорди сум остварил во клупската историја, не планирам да застанам со победите за Динамо“, порача Адеми.

Се вчитува...