Адеми горд: Не играше Челси слабо, ние толку му дозволивме

Аријан Адеми го предводеше Динамо Загреб до чудесната победа над Челси на стартот од Лигата на Шампионите,  а за своето одлично издание македонскиот репрезентативец ја доби наградата за МВП на натпреварот.

Капитенот на „модрите“ не ја криеше гордоста од изданието на својот тим, но и го пецна англискиот гигант чии фудбалери не знаеја што ги снајде на „Максимир“.

„Очекувавме токму ваков натпревар, знаевме дека Челси е еден од најдобрите тимови во Европа, но знаевме и дека можеме да се носиме со нив. Свесно им го препуштивме поседот на топката бидејќи така беше полесно да ни отворат простор, одигравме одличен висок пресинг, се одбранивме откако постигнавме гол, а нашиот голман Ливаковиќ беше извонреден. Не се согласувам со тоа дека Челси одиграл слабо, знаете како се вели – во фудбалот играш така како што противникот ќе ти дозволи. А ние му дозволивме на Челси само толку колку што прикажа на Максимир“, изјави Адеми.

Се вчитува...