Адеми: Горд сум на момците… Нашата сила е во заедништвото

Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа дел од најдобрата генерација во последните 30 години на Динамо Загреб. Покрај двојната титула во Хрватска, тимот од Загреб годинав стигна и до осминафиналето во Лигата на Европа.

Капитенот на „модрите“ вели дека е горд на успехот и дека најголемата сила на овој тим е заедништвото.

„Горд сум на се што постигнав со Динамо. Сезонава беше тешка и навистина траеше многу долго. Сепак, на крај сме сите среќни што на ваков начин ја завршивме. Голем успех за сите нас, голем успех за Динамо. Најважно е да продолжуваме да освојуваме трофеи и се надевам дека истот ќе се случи и следната сезона. Нашата најголема сила е заедништвото“, изјави Адеми. 

По прославата на титулата Адеми заедно со Стефан Ристовски ќе и се приклучи на репрезентацијата на Македонија со која ги очекува настап на историското прво Европско првенство.

Се вчитува...