Адеми и Ристовски од првата минута за Динамо против Челси

Аријан Адеми како капитен, и Стефан Ристовски се во стартните 11 за Динамо Загреб во дуелот со Челси, во првиот меч од Лигата на шампионите.

Адеми ќе игра на средината на тернеот, додека Ристовски се очекува да ја заземе десната бековска позиција.

Тренерот на Челси Томас Тухел, пак, се реши да му даде шанса да дебитира Обамејанг во сратните 11, а во составот се уште и Стерлинг, Хаверц, Ковачиќ, Маунт, Чилвел… Навистина делува моќно составот на лондонските „сини“.

Се вчитува...