Динамо Загреб ја зголеми разликата во однос на Ријека во Првата хрватска фудбалска лига откако во дербито на 21. коло славеше против „белите“ со 2-0 во натпревар во кој настапија три македонски репрезентативци.
„Модрите“ за кои настапија Арјан Адеми и Стефан Ристовски поведоа со голот на Шутало во 22. минута, а три минути пред крајот на првото полувреме мрежата ја затресе и Оршиќ. Ријека на нашиот Дарко Велковски имаше шанса да го ублажи поразот на самиот крај на мечот, но голот на Дрмиќ во 89. минута беше поништен по сугестија на ВАР.
По 20 одиграни натпревари Динамо е на првата позиција на табелата со 43 бода, три повеќе од треттопласиранта Ријека која има и натпревар повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА