Адеми и Ристовски заработија вистинско богатство со победата над Челси

Аријан Адеми, Стефан Ристовски успеаја со хрватскиот шампион Динамо Загреб да го приредат најголемото изненадување во првиот дел од новата сезона во Лигата на шампионите откако на домашен терен на „Максимир“ во Загреб славеа над Челси со 1-0.

Со оваа победа „модрите“ веќе заработија вистинско богатство сезонава во европските натпреварување. Со самиот пласман тие заработија 15,64 милиони евра, но со оваа победа веќе на контото имаат дополнителни 2,8 милиони евра. Секое реми носи дополнителни 930.000 евра, а тимот од главниот град на Хрватска има да одигра уште пет натпревари во групната фаза.

Евентуалниот пласман во нокаут-фазата на ЛШ носи уште 9,6 милиони евра.

Се вчитува...