Адеми настапи за Динамо Загреб, во ритам пред собирот на репрезентацијата

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми настапи за Динамо Загреб во триумфот од 1-4 на гостувањето против Славен Белупо во хрватскиот шампионат.

Адеми нема никакви проблеми со повредата одигрувајќи ги последните 30 минути за „модрите“. Сето тоа носи мирно навестување дека ќе биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за октомврискиот собир од квалификациите за СП 2022.

Целиот натпревар за Динамо Загреб го одигра и Стефан Ристовски во одбраната на хрватскиот шампион.

Се вчитува...