Адеми не е повреден, ќе игра со Португалија

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Аријан Адеми стисна заби и покрај незгодната повреда, па беше стартер на денешниот дуел со Италијанците, водејќи беспоштедна битка на средината од теренот.

Селекторот Милевски реши да го замени по само десетина минути игра во второто полувреме, но по мечот Милевски обелодени дека капитенот на Динамо Загреб не е повреден и дека очекува да биде стартер и на големото финале со Португалија.

„Адеми не е повреден. Сепак, по претходната пауза неговата физичка подготвеност беше таква каква што е па затоа сакавме малку да го зачуваме“, истакна Милевски, за нови добри вести од Палермо.

Се вчитува...