Адеми нема посериозни проблеми, доаѓа на октомврискиот репрезентативен собир!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, и покрај вчерашните загрижувачки информации од Хрватска нема проблеми со повредата и сигурно ќе биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за октомвриските квалификациски дуели против Лихтенштајн на гости и против Германија во Скопје.

Како што информираа хрватските медиуми, Адеми почувствувал болка на натпреварот на Динамо Загреб во Купот на Хрватска против Ориент, но воопшто не станува збор за сериозен проблем.

„Имав разговор со Адеми и нема никаков посериозен проблем со повредата, се чувствува одлично фокусирајќи се на следните натпревари на Динамо Загреб, па сигурно очекуваме да ни се приклучи на октомврискиот собир“ – ни изјави македонскиот селектор Благоја Милевски.

Претходно, Милевски поради подолго отсуство од терените не можеше да смета на Аријан Адеми за септемвриските квалификациски натпревари на патот кон СП 2022.

За октомврискиот собир под знак прашалник е настапот на Енис Барди кој заработи повреда на натпреварот за Македонија против Романија во Скопје.

Се вчитува...