Адеми од херој до трагичар: Два гола, па промашен пенал со кој го врати Валур во живот (ВИДЕО)

Динамо Загреб со една нога веќе е во 2. коло од квалификациите во Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар на домашен терен го совладаа исландски Валур со 3-2.

На Адеми му беа потребни само осум минути да донесе водство за домаќините од 1-0, а до полувреме веќе беше удвоена предноста со голот на Мајер од пенал во 41. минута. Адеми со својот втор гол во 72. минута ги постави конечните 3-0. До крајот не успеа да постигне и хет-трик бидејќи не реализираше пенал во 82. минута, а гостите успеаја да ја казнат ноншалнтноста на „модрите“ успевајќи во финишот да намалат на 3-2 со головите на Сигурдсон во 88. и Адолфсон во 89. минута.

Вториот македонски репрезентативец во Динамо, Стефан Ристовски остана на клупата за резерви на овој меч.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1 КОЛО: 

Динамо З. – Валур  3-2

Бодо Глимт – Легија Варшава 2-3

Динамо Тбилиси – Нефчи Баку 1-2

Слован Братислава – Шамрок Роверс 2-0

Лудогорец – Солигорск 1-0

Макаби Хаифа – Алмати 1-1

Малме – Рига 1-0

Теута – Тираспол 0-4

Се вчитува...