Адеми откри зошто се врати во Динамо: Кина е огромна, има многу карантини, ретко сте дома…

Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб, а викендов се очекува да настапи за својот поранешен клуб. Тој имаше кратка авантура во Кина, и на денешната прес-конференција откри зошто се вратил.

Тој кажа дека Кина на почетокот му се допаѓала, но како одминувало времето ретко кога бил дома со семејството, и цело време бил на пат и во карантини.

„Што да кажам, повторно сум тука, не сум свесен уште, ќе ми требаат неколку денови. Кога заминував бев сигурен дека ќе се вратам, ама не како играч, но сешто се случи. Мислам дека ова е најдобро за мене да ја продолжам романтиката. Во Кина ми беше убаво на почетокот, но кога првиот пат се врати од репрезентативен собир, ми беше така-така. Кина е голема, има многу карантини, многу ретко сте дома. Животот беше добар, но ми недостасуваше адреналин. Се појави приказна за Дубаи, ме повика и Бјелица во Трабзон, и сакав да одам таму. Но, кога видов дека луѓето од Динамо ме сакаат назад, и ми праќаа пораки, почувствував дека сум потребен на Динамо и им реков дека ќе дојдам“, рече Адеми.

Македонскиот репрезентативец кажа дека не му се допаѓа изгледот на табелата во хрватскиот шампионат…

„Табелата изгледа грдо, не сум навикнат на тоа. Хајдук игра многу добро, одлична екипа се, но мораме да се гледаме себе. Ако бидеме на ниво и ако бидеме вистинските, тогаш мислам дека можеме да ја освоиме повторно титулата. Но, тој маратон е долг, секој натпревар е како финале“, кажа Адеми.

Се вчитува...