Адеми пред мечот со Пелистер: Ако одиграме како со Нефчи сигурно победуваме

Фудбалерите на Шкупи немаа многу време ниту за одмор ниту за размислување по елиминацијата од квалификациите за Лигата на Европа и поразот од азербејџански Нефчи во Баку.

Избраниците на Муарем Бајрами веќе се фокусирани на натпреварот од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига против Пелистер на Чаир.

„Се соочуваме со навистина квалитетен тим. Пелистер на почетокот од сезоната покажа дека може да игра со секој противник во првенството. Ако ја прикажеме играта како против Нефчи, верувам дека ќе освоиме три бода тука во Чаир. Добро ги анализиравме битолчани и знаеме со каков противник ќе се соочиме, но размислуваме само на победа“ – вели Адеми.

ПРВА ЛИГА – 4. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

УТРЕ (16:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 1-1

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 2-1

Се вчитува...