Адеми разочаран: Табелата во Хрватска изгледа баш грдо…

Аријан Адеми имаше причина за разочараност откако Динамо Загреб одигра само 0-0 на вечното дерби со Хајдук, пропуштајќи можност да ја намали негативата во однос на големиот ривал. Дербито донесе очекувано тврд фудбал со мал број на шанси, а во Динамо имаат за што да жалат бидејќи успеаја да постигнат еден гол, но истиот им беше поништен по интервенција од ВАР-собата.

Адеми и соиграчите сега заостануваат седум бода зад Хајдук, но имаат и два меча помалку во однос на вечниот ривал, па македонскиот репрезентативец не губи верба дека неговиот тим ќе успее да ја одбрани шампионската титула.

„Секако дека сме разочарани. Ова беше вистинсско дерби, со малку шанси за гол, а многу фаули и жолти картони. Ние имавме некои шанси, нивните ги сведовме на минимум, но се беше поплусто кога не успеавме да постигнеме гол. Искрено, табелата изгледа баш грдо за нас. Сега мораме добро да се одмориме, а потоа и да се подготвиме што подобро за продолжението на сезоната. Имаме 12 дена одмор, што сигурно ќе биде добредојдено. Јас не се сомневам, сигурно дека можеме да станеме пак шампиони, но ќе мораме да играме подобро отколку во првиот дел од сезоната“, порача Аријан Адеми.

Се вчитува...