Адеми се повреди, одигра само 35 минути против ЦСКА Москва

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди уште во првото полувреме на натпреварот на Динамо Загреб против ЦСКА Москва во Лигата на Европа, по што мораше да биде принудно заменет.

Адеми во 34. минута се пожали на проблеми со задната ложа не можејќи да го продолжи натпреварот. На негово место во игра влезе Фрањиќ.

Динамо Загреб по првото полувреме има предност од 2-0 против ЦСКА Москва. Хрватскиот тим веќе од претходно има обезбедено место во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Се вчитува...