Адеми со предупредување: Македонија мора да биде внимателна, оваа Португалија е опасна од сите страни

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Aријан Адеми и после победата на Македонија над Италија остана скромен и внимателен, па упати предпупредување до совите соиграчи дека Португалија е опасна од сите страни.

Адеми потенцираше дека Португалија е врвна репрезентација, но и дека Македонија е максимално подготвена за нова сензација.

„Ќе играме против селекција која има голем индивидуален квалитет, опасни се од сите страни и тешко е да се надигрувате со нив. Но, мислам дека можеме да го најдеме вистинското решение и ќе дадеме се од себе за пласман на Светското првенство“, изјави Адеми во разговор за ‘Ал Џазира’.

Адеми издржа 60 минути на теренот во Палермо против Италија, а вечерва повторно ќе биде голем адут на селекторот Благоја Милевски во финалниот бараж дуел против Португалија, закажан во 20.45 часот.

Се вчитува...