Адеми со прв гол по враќањето, но Динамо доживеа шокантен пораз од Горица (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, го постигна својот прв гол после враќањето во Динамо Загреб од Кина. Тој денеска погоди за „модрите“ во дуелот со Горица на гостински терен за водство.

Меѓутоа во финишот од натпреварот, Горица со два гола направи комплетен пресврт и целосно го шокираше хрватскиот првак.

За Динамо цел натпревар одигра Стефан Ристовски, додека Адеми излезе од игра во 80. минута од средбата.

Се вчитува...